сабота, 25 април 2026

Косово ќе уништи 133.000 вакцини на Астразенека

Објавено на

часот

Сподели

Вакцините за Косово се донација од Норвешка, а рокот на траење истече на 31 август.

Поради пропаганда на некои групи за штетноста на вакцините, тешкотиите во добивање датум за вакцинација и неподготвеноста на самите граѓани, Косово е меѓу земјите со најниска стапка на вакцинација во Европа од 15,7%.

Во последните седум дена, 157 луѓе починаа од инфекција со коронавирус на Косово. Порастот на бројот на инфекции се припишува на големи собири како што се свадби и целосно укинување на сите мерки.

Од оваа недела, воведени се нови ограничувања, вклучително и полициски час од 22 часот до 5 часот наутро.

Во Косово, граѓаните можеа да изберат помеѓу вакцините Астразенека и Фајзер. Но, поради некои извештаи за несакани ефекти по добивањето на Астразенека, луѓето најчесто го избираа Фајзер.

Косовскиот министер за здравство Арбен Витиа рече дека земјата ќе добие 500.000 вакцини на Фајзер од САД и 250.000 на Астразенека од Германија и Италија во наредните денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ