Промената се воведува како дел од напорите да се спречи прекумерниот стрес кај учениците.
Според новите правила, дури и постарите возрасни групи на ученици од основните училишта треба да полагаат испити само на крајот од секоја учебна година.
Кина неодамна воведе серија правила со кои се ослободуваат учениците. Донесена е одлука учениците да имаат помалку задачи. Наместо да седат над задачи, тие треба да можат повеќе да спортуваат.
Кон крајот на јули, владата објави и реформа на приватниот образовен сектор. На институтите за образовние им е забрането да одржуваат настава за време на викендите.
Приватното образование за деца под шест години ќе биде целосно укинато.
Кинеските државни медиуми коментираат дека ова е чекор да се обезбеди поправеден образовен систем.
Досега, учениците чии родители не можеле да платат за скапи дополнителни часови биле во неповолна положба од оние што можеле.






