сабота, 25 април 2026

Кина на децата им ги ограничи видеоигрите на три часа неделно

Објавено на

часот

Сподели

Новите правила, објавени вчера, се дел од пошироката кампања на Пекинг кој сака да ја зајакне контролата врз општеството и клучните економски сектори, вклучувајќи ги технологијата, школството и пазарот на недвижности по повеќегодишниот раст.

Ограничувањата, кои се однесуваат на сите платформи, вклучувајќи ги паметните телефони, се голем удар за глобалната индустрија на видеоигри на која младите играчи ѝ се најисплатливиот пазар.

На децата под 18 години им се ограничува времето за играње на еден час дневно, од 20 до 21 часот и тоа само во петок, сабота и недела, пренесува државната агенција Синхуа. Еден час дневно ќе може да играат и на државните празници.

Правилата на регулаторот, Националната агенција за медиуми и издаваштво, доаѓаат во време на пресметка на Пекинг со кинеските технолошки гиганти како Алибаба и Тенсент холдинг.

Кампањата чија цел е она што го нарекува „див раст“ на некои компании доведе до загуба на милијарди долари на берзите на акции во Кина и во странство.

„Тинејџерите се иднината на нашата татковина“, кажа портпаролот на агенцијата. „Заштитата на телесното и менталното здравје на младите е од витален интерес на нацијата и е поврзана со култивирањето на младите генерации во време на националното подмладување“, додаде тој.

Компаниите кои изработуваат видеоигри нема да смеат на децата да им ги нудат услугите надвор од одреденото време и ќе мора да воведат системи за верификација во реално време, соопшти регулаторот кој го надгледува пазарот на видеоигри.

Според правилата од 2019, Кина им го ограничи на помладите од 18 години играњето видеоигри на час и 30 минути кој било ден и три часа на празниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ