Тој донесе со себе максимални ветришта од околу 240 километри на час кога го погоди брегот при минувањето на Мексиканскиот Залив, соопшти Центарот.
И покрај ризикот да се засили во ураган од 5-та категорија, Ида сепак постепено се смири откако навлезе на копното.
Ураганот Ида го погоди брегот во близина на Форт Форшон, шестнаесет години по ураганот Катрина кој го уништи тој регион на југот на САД.
Безбедносните камери на пожарникарската станица во Делакроа во сојузната држава Луизијана забележале што направил ураганот за само еден час.
[video:https://youtu.be/kcrAC5uq4z8 autoplay:0]





