Севернокорејскиот државен медиум КЦНА исто така објави дека сите меѓукорејски комуникациски канали повторно се отворени во вторник во 10 часот во согласност со договорот на лидерите.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун од април размениле повеќе писма и се договориле за повторно воспоставување на директна телефонска линија, соопштено е од канцеларијата на јужнокорејската влада.
Северна Кореја ја прекина оваа „жешка линија“ во јуни 2020 година, бидејќи прекуграничните врски се укинати по неуспешниот втор самит во февруари 2019 година помеѓу Ким и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, на кого Мун му понуди да посредува.
Мун повика на обновување на „жешката линија“ и на разговори, положувајќи големи надежи во американскиот претседател Џо Бајден да ги рестартира преговорите со цел демонтирање на нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја.






