Во Грција премиерот Киријакос Мицотакис кажа дека пожарникарите во последните 24 часа се бореле со околу 50 пожари, а веројатно ќе ги има повеќе, бидејќи метеоролозите најавуваат нови топлински бранови.
„Сакам да истакнам дека август секогаш е тежок месец“, кажа грчкиот премиер. „Затоа ни е важно, на сите државни служби, да бидеме целосно спремни додека периодот на пожарите формално не заврши“.
Пожарникарските служби кажаа дека неколку пожари ги предизвикало невнимание на фарми и градилишта и дека многу од нив се случиле на Пелопонез. Нема извештаи за жртви.
Состојбата во јужна Европа е во остра спротивност со обилните дождови кои ги погодија северните земји од Австрија до Британија по катастрофалните поплави во Германија и соседните земји минатиот викенд.
[video:https://youtu.be/Wd8cbAmDIkQ autoplay:0]На италијанскиот остров Сардинија противпожарните авиони од Франција и Грција ја засилија локалната ескадрила во борбата против пожарот на островот на кој изгореа повеќе од 4.00 хектари површина, а 350 луѓе беа евакуирани.
На Сицилија пожари избија во близина на Ериче, на западот на островот.
Во шпанскиот североисточен регион Каталонија изгореа повеќе од 1.500 хектари во близина на градот Санта Калома де Кералт, а повеќе десетици луѓе мораа да бидат евакуирани, но 90 отсто од пожарите денес се ставени под контрола, соопштија пожарникарите и властите.
Досега оваа година во Шпанија се опожарени 35.000 хектари, но тоа сè уште е помалку од 138.000, колку што изгореа во 2012, најлошата година од минатата деценија.
[video:https://youtu.be/I6LOwXkbHi0 autoplay:0]





