Најмалку 30 лица загинаа денеска, а 60 се повредени во неколку напади на бунтовниците хути врз воена база на јеменските владини сили, која е поддржана од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, соопштија локалните власти и медицинските работници.
Нападот се случи во провинцијата Лахиџ, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на јеменските сили на југот на земјата изјави дека хутите извршиле неколку напади врз базата Ал-Анад со вооружени беспилотни летала и балистички ракети.






