четврток, 23 април 2026

Историска одлука: Кина ги прогласи видеоигрите за „електронска дрога“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во написот објавен во националното списание „Економик информејшн дејли“ се наведува дека многу тинејџери станале зависни од онлајн-игрите и дека тоа има негативно влијание врз нивниот социјален и физички развој.

Како најпроблематична ја наведуваат компанијата „Тенсент“, која е креатор на една од најпопуларните игри, „Покемон“. Сега во фокусот на критиките е уште една игра, исто така исклучително популарна, „Честа на кралевите“ (Honor of Kings). Имено, истражувањата покажале дека децата на училишна возраст поминуваат и до осум часа дневно играјќи ја оваа игра. Од таа причина, се бара воведување одредени ограничувања за оваа индустрија.

„На ниту една индустрија, на ниту еден спорт не смее да им се дозволи да ги уништуваат новите генерации“, нагласи авторот на текстот и ја спореди оваа игра со „духовен опиум“.

По објавувањето на овој напис, вредноста на акциите на „Тенсент“ падна за 10 проценти, односно дури 60 милијарди долари.

„Тенсент“ се обврза да воведе одредени мерки што ќе го ограничат пристапот на децата до играта, додека постарите корисници ќе можат да ја играат, но само во одреден временски интервал. Компанијата додаде дека планира да ја промени политиката на куќата.

Потоа списанието Економик информејшн дејли го избриша написот од својата платформа и вредноста на акциите почна да се нормализира.

Сепак, оваа компанија претрпе уште еден удар, па на „Тенсент“ му беше наредено да ги раскине ексклузивните договори за лиценцирање музика со издавачките куќи низ светот, што доведе до натамошен пад на цените на акциите.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=MfzrwL0EgCU autoplay:0]

Овој потег имаше цел да ѝ застане на патот на доминацијата на технолошкиот гигант на онлајн стримување музика во Кина, бидејќи во тоа време „шепата“ на оваа компанија беше на повеќе од 80 проценти од ексклузивните кинески права за стримување музика. Тие ја стекнаа оваа монополска позиција по аквизицијата во 2016 година.

Но, на крајот на краиштата, „Тенсент“ е само една од многуте кинески компании што работат во САД, Хонг Конг и континентална Кина чија вредност ќе падне нагло оваа година, бидејќи Пекинг ги потиснува технолошките и образовните индустрии во земјата.

Минатата недела падна и вредноста на кинеските компании за онлајн-учење, откако беа лишени од можноста да остваруваат профит, бидејќи приватните часови станаа забранети во Кина.

Кинеските власти ја правдаа оваа одлука со тоа што сега на Кинезите им е дозволено да имаат повеќе деца, а оваа мерка имаше цел да ги ублажи финансиските притисоци при нивното одгледување.

Кои се правилата на озлогласената игра?

Играта е замислена на таков начин што ликот контролиран од играчот ги убива другите учесници и на тој начин собира злато, кое потоа го користи за да купи повеќе моќ. Кога ќе стане доволно силен, се здружува со другите во тимови, а потоа тие се борат едни со други. Победата се постигнува со уништување на главната зграда во која се наоѓа базата на непријателскиот тим.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=rhC9ShnKhyc autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ