четврток, 23 април 2026

Иран целосно преземен од тврдите конзервативци: „Подготвени сме за секое воено сценарио“

Објавено на

часот

Сподели

Раиси е политички непознат бидејќи повеќе од три децении работел во судството, на чие чело бил назначен во 2019 година.

Како јавен обвинител, тој е одговорен за егзекуции на многу политички неистомисленици, а во последните години остро го критикуваше умерениот ирански претседател Хасан Рохани, вклучително и неговата работа на иранскиот нуклеарен договор.

Не е познато како неговиот избор ќе влијае врз обидите за обновување на тој документ од 2015 година од кој САД се повлекоа и повторно воведоа санкции што ја опустошија иранската економија.

Иран и шест светски сили од април преговараат за заживување на договорот, но иранските и западните претставници рекоа дека има „значителни проблеми“.

Раиси во вторникот рече дека неговата влада ќе преземе одредени чекори за укинување на „тиранските“ санкции и ќе се обиде да ги подобри условите за живот на сите погодени со нив.

Раиси ја презеде функцијата во време на зголемени тензии во регионот. Лидерот на иранската Револуционерна гарда во четвртокот го предупреди светот дека Иран е подготвен за „секое воено сценарио“.

Генералот Хосеин Салами ги предупреди Израел и Западот да не се обидуваат да го заплашат Иран.

„Оние што ни се закануваат треба да бидат свесни за опасните последици од својата реторика и да внимаваат што зборуваат“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ