четврток, 23 април 2026

Вардар го потврди последното големо засилување за следната сезона

Вардар го комплетираше ростерот за следната сезона со ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, потврдувајќи ги најавите за ново засилување во тимот.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за 23-годишен ракометар кој досега настапуваше исклучиво во Франција, а зад себе има и повик во сениорската селекција на Франција во пресрет на Европското првенство 2026.

Можам да кажам дека утрово беше потпишан договорот со Мате Фадуил кој ќе биде последното засилување за Вардар. Ростерот за следната сезона е затворен со четирите нови имиња. Според мислењето на тренерот Иван Чупиќ, тимот ќе биде 40% посилен во следната сезона“, изјави Михајловски.

Во тековната сезона Фадуил игра за Трембли и на 24 натпревари постигна 157 голови. Кариерата ја градеше во Нант, каде што делеше соблекувална со македонската легенда Кирил Лазаров, а има настапи и за Саран и Кретеј.

Од клубот потврдија дека ова е последното засилување за новата сезона, со што се затвора списокот на нови имиња. Претходно беа договорени и трансферите на Мохаб Абделхак, Милан Бомаштар и Леон Љевар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ