Алакбаров рече дека од 38 милиони жители на земјата, една третина се соочуваат со „итно“ или „кризно“ ниво на несигурност во храната, пренесува агенцијата АП.
Како што додаде, со доаѓањето на зимата и сериозната суша што се заканува, потребни се повеќе пари за да се нахрани населението.
Тој посочи дека Светската програма за храна на ОН им поделила храна на десетици илјади луѓе во последните недели во Авганистан.
Меѓутоа, како што посочува Алакбаров, од 1,3 милијарди долари потребни за помош, добиени се само 39 проценти, така што без дополнително финансирање, резервите на храна ќе исчезнат на крајот на септември.






