вторник, 28 април 2026

Храбри Авганистанки излегоа на улица, бараат право на работа и студирање (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Видеата споделени од локалните медиуми покажуваат група од околу 20 активистки за женските права собрани пред поранешното Министерство за женски работи во главниот град на Авганистан, Кабул и таму гласно и храбро бараа почитување на женските и човековите права.

Талибанците неодамна го укинаа Министерството за женски работи и го заменија со Министерство за повик, насоки и промоција на доблести и спречување пороци. Така, новоформираното министерство стана седиште на верската морална полиција, чија улога е да го зајакне наметнатото однесување во јавноста и придржување до строгиот талибански начин на толкување на исламот.

Под режимот на талибанците во 1990-тите, верската полиција била извор на страв и трепет во Авганистан, бидејќи јавно тепала и удирала жени кои се осмелиле да излезат без да го покријат телото и лицето.

Засега, талибанците им забранија на девојките да посетуваат настава во средно училиште и им дадоа инструкции на универзитетите дека момчињата и девојчињата повеќе не треба да посетуваат предавања во исто време.

Во принцип, многу малку открија за слободите што имаат намера да им ги дадат на Авганистанките. Откако талибанците дојдоа на власт, авганистанските жени одржаа неколкудневни протести низ целата земја, барајќи тврдокорните исламисти да ги почитуваат нивните човекови права. Но, протестите беа насилно задушени. Протестот во неделата во Кабул помина без инциденти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ