сабота, 25 април 2026

Харвард избра атеист за главен свештеник

Објавено на

часот

Сподели

Грег Епстајн (44) е првиот атеист што е избран за претседател на харвардската организација на капелани.

„Почестен сум“, напиша тој на Твитер.

Епстајн е хуманистички капелан на Харвард од 2005 година и е автор на бестселерот „Доброто без Бог: во што веруваат милијарда неверници“.

За оние што го сакаат тоа, овој хуманистички свештеник информира и советува за егзистенцијални прашања базирани на хуманистички принципи.

Епстајн ќе предводи група од повеќе од 40 капелани што претставуваат дваесетина различни религии и верувања, вклучувајќи го христијанството, јудаизмот, хиндуизмот и будизмот.

Назначен е во време кога сѐ повеќе млади луѓе во Соединетите Држави се сметаат за духовни, но без верска припадност.

„Има сѐ повеќе луѓе што не се идентификуваат со некоја верска традиција, но имаат потреба да зборуваат за тоа што значи да се биде добра личност и да се живее етички“, изјави Епстајн за Њујорк тајмс. „Ние не бараме одговори во Бога. Ние сме си едни на други одговори“, додаде тој.

Според истражувањето на центарот Пју од пред две години, нешто повеќе од една четвртина (26 проценти) од жителите на Америка не веруваат во Бог. Тоа е девет проценти повеќе од пред десет години.

Харвард, основан во 1636 година за школување на протестантското свештенство, е најстарата високообразовна институција во Соединетите Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ