„Мислам дека е многу важно да се легализираат наркотиците во Албанија, особено оние кои сега се садат – канабисот. За тоа е потребна храброст. Легализирајте го. Направете закон за негово одгледување. Македонија го направи тоа. Други народи го направија. Како Албанците да се тргнеме од нивната мапа дека сме земја на наркотици“, изјави Харадинај за албанската телевизија АБЦ.
„Според него, постои опасност од канабисот сега кога е забрането да се одгледува, но „не и утре ако се легализира“.
„На некои проблеми со кои се соочува Албанија потребно е да се одговори со стабилна правна основа. Не ги оставајте како проблеми за кои сите знаат, зборуваат и нè злоупотребуваат, Албанија и Косово, а ние се правиме дека не постојат. Мора да се дадат законски одговори, само по законски пат можеме да излеземе од оваа ситуација“, кажа тој.






