„Претседателот повтори дека Црна Гора останува стабилна на патот на остварување на своите стратегиски цели, со уверување дека и низ актуелните искушенија ќе мине мирно, што е во најдобар интерес на Црна Гора и нејзината европска иднина“, се наведува во соопштението на кабинетот на Ѓукановиќ по приемот во проштална посета на амбасадорката на Австралија Рут Стјуарт.
Ѓукановиќ истакна дека на врските меѓу двете држави особено придонесува црногорската дијаспора која, иако претставува малобројна нација, има значителен број претставници во Австралија.
„Тој се заблагодари на соработката која ја имаме со Австралија како членки на НАТО, што нас како земји кои ги делат заедничките евроатлантски вредности, дополнително нè зближува“, се наведува во соопштението.






