Портпаролот на грчката влада Јанис Економу ги објави измените во составот на кабинетот, како и формирањето на новото министерство за цивилна заштита.
„Министерот за финансии Христос Стајкурас и министерот за надворешни работи Никос Дендијас ќе останат на тие функции“, изјави Економу откако го обелодени составот на владата.
За министер за цивилна заштита е именуван Евангелос Апостолакис, а за министер задолжен за заштита на граѓаните Панајотис Теодорикакос.
Реконструкцијата доаѓа само неколку дена пред излагањето на Мицотакис на неговата економска политика за следната година.
Илјадници хектари шума изгореа во пожарите кои во јули и август со денови гореа низ Грција, приморувајќи илјадници луѓе да се евакуираат. Пожарите уништија илјадници домови и претпријатија, а едно лице загина, додека друго почина пружајќи помош во одбраната од пожарите.
Во обид да го ублажи гневот на јавноста поради доцнењето на напорите во гасењето на пожарите, Мицотакис, чија конзервативна влада ја презема должноста во јули 2019 година, јавно се извини и кажа дека грешките ќе бидат поправени.






