Како што обвинителството на БиХ денес потврдило за Дневни аваз, оваа правосудна институција, откако високиот претставник Валентин Инцко во петокот ја наметна одлуката за измените на кривичниот закон во БиХ, веќе примило пријави од неколку граѓани.
„Така што неколку предмети се веќе формирани“, изјави Борис Грубешиќ, портпаролот на обвинителството за Дневни аваз.
Негирањето на геноцидот и величењето на воените злосторници од денес е казниво во БиХ.
Новите одредби на кривичниот закон на БиХ, кои подразбираат и затворски казни, денес стапија на сила.






