недела, 19 април 2026

Гори пожар во Кефалонија, наредена е евакуација на населението (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот го гаснат 106 пожарникари, заедно со шест копнени екипи и 27 возила, јави АНА.

Поради пожарот на островот, вчера, како мерка на претпазливост, донесена е одлука за организирана евакуација на целото население во областа Капандрити.

Според зборовите на градоначалникот на Аргостоли, Теофилос Михалатос, евакуацијата на населението се прави со цел да се заштитат луѓето што се наоѓаат во таа област.

Михалатос пожарот во Капандрити го опиша како опасен поради силниот ветер што дува во околината и високите температури, додека за евакуацијата на селото изјави дека тоа е сторено по предлог на командантот на противпожарната единица.

Денес беа евакуирани уште три населени места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ