Казната доаѓа четири години откако државниот совет, кој служи како правен советник на извршниот и врховниот суд, ѝ нареди на владата да ги намали нивоата на азотен оксид и штетни честички во повеќе од 10 зони, за да бидат во согласност со европските стандарди, пренесува Ројтерс.
Во својата одлука судот наведе дека владата на претседателот Емануел Макрон направила премалку за да го подобри квалитетот на воздухот во одделни зони, дека нивото на штетни гасови во 2020 година било премногу високо во Париз и вториот најголем град, Лион.
„Мерките кои ги презема владата се недоволни за одлуката на судот од 2017 година да се смета за целосно извршена“, наведе државниот совет.
Владата се брани дека вовела нови мерки минатиот јуни со цел да го исчисти градскиот воздух, вклучувајќи воведување зони со мала емисија на штетни гасови, дека поттикнувала купување електрични и хибридни автомобили и дека постепени ги укинувала нафтените котли.
Сепак, судот се закани дека ќе ја казнува државата со дополнителни десет милиони евра на секои шест месеци додека не се исполнат стандардите.






