сабота, 25 април 2026

Фотографијата на последниот американски војник како го напушта Авганистан се шири по социјалните мрежи (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Покрај оваа фотографија која веројатно ќе влезе во историјата, на социјалните мрежи масовно се споделува и фотографија од 15 февруари 1989 година.

На неа се гледа генералот Борис Громов, командант на 40 армија на СССР, како минува со синот преку Мостот на пријателството од Авганистан во Узбекистан. Тоа беше последниот советски војник кој ја напушти таа земја.

Во Авганистан за 20 години загинаа нешто помалку од 2.500 американски војници, а во 10 години 14.450 советски војници. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен кажа дека од 14 август со летови се префрлени над 123.000 луѓе од земјата, а САД во Авганистан оставиле меѓу 100 и 200 државјани (Британија призна дека зад нив останале најмалку 500 луѓе).

Соединетите Американски Држави го повлекоа дипломатското претставништво од Авганистан и операциите ќе ги водат од Катар, кажа Блинкен.

„Почна ново поглавје на американскиот ангажман во Авганистан. Тоа ќе го водиме со дипломатија“, кажа шефот на американската дипломатија и додаде дека Вашингтон ќе продолжи неуморно да им помага на луѓето да го напуштат Авганистан.

[video:https://youtu.be/GDAvaHnVc9g autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ