„Наша цел беше да заштитиме 70 отсто од возрасните во Европската унија во јули со најмалку една доза. Денес ја постигнавме оваа цел, а 57 отсто од возрасните се целосно вакцинирани“, изјави претседателката на Комисијата.
Фон дер Лајен истакна дека треба да се продолжат напорите и да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.
„Делта варијантата е многу опасна. Затоа, ги повикувам сите што имаат можност да се вакцинираат. За сопственото здравје и за заштитата на другите“, рече Фон дер Лајен, истакнувајќи дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува доволна количина на вакцини.






