сабота, 25 април 2026

Евакуираните од Авганистан со авиони доаѓаат во американските бази низ Европа

Објавено на

часот

Сподели

Првите ранети американски војници пристигнаа во воената болница во Ландштул. Досега се евакуирани 111.000 луѓе.

Базата во Рамштајн брзо се полни, така што другите евакуирани лица од Авганистан се распоредени во базите низ Европа.

Во моментов има околу 620 луѓе во американската база во Шпанија, додека има повеќе од 1.000 луѓе во базата во Сицилија.

Тод Волтерс, командант на американските сили во Европа, најави дека одреден број од оние што треба да бидат евакуирани ќе бидат сместени во базата Бондстил на Косово.

Во воената болница во Ландштул пристигнаа и првите ранети американски војници што беа повредени во нападот пред аеродромот во Кабул.

Досега се евакуирани 111.000 луѓе, а голем број Авганистанци, како и неколку илјади странски државјани, сѐ уште чекаат, предизвикувајќи огромна гужва и метеж пред аеродромот во Кабул, во кој минатата недела беа убиени неколку десетици луѓе.

Оние што не успеаја да се евакуираат изразија надеж дека талибанците, иако велат дека нема да има никакво поместување, сепак може да го продолжат рокот за евакуација до 9 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ