вторник, 28 април 2026

Ерупција на вулкан во Исланд трае веќе шест месеци, најдолга во последните 50 години (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Повеќемесечниот спектакл, кој варира од бавно истекување на лавата до подраматично исфрлање на различни грутки, е голема туристичка атракција што досега привлече повеќе од 300.000 посетители, според исландската туристичка заедница.

Вулканот се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, југозападно од Рејкјавик. Тоа е шеста вулканска ерупција во Исланд во последните 20 години, но најдолга во половина век.

„Шест месеци е прилично долга ерупција“, вели вулканологот Торвалдур Тордарсон. Но, количината на досега исфрлената лава, 143 милиони кубни метри, не е ни близу до рекордот.

„Ерупцијата е посебна во смисла на релативно бавниот и стабилен проток на лава. Ерупциите на исландските вулкани обично започнуваат многу активно, но брзо и забавуваат и запираат“, додава геофизичарот Халдор Геирсон.

Најдолгата исландска ерупција во историјата се случила на островот Суртси и траела речиси четири години, од ноември 1963 до 1967. Бројот на посетители на Фаградалсфјал веројатно е и повеќе од 300.000, бидејќи бројачот на патеката до врвот бил поставен само на петтиот ден од ерупцијата.

Во првиот месец, се отвориле десет пукнатини и се формирале седум мали кратери од кои два се сè уште видливи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ