сабота, 25 април 2026

Ердоган: Ако сите во БиХ се сложат и нè повикаат, Турција ќе биде посредник

Објавено на

часот

Сподели

Членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик за време на посетата на Ердоган на Сараево кажа дека се залага за поактивен ангажман на Турција во решавањето на политичките проблеми во БиХ.

На прашањето да ги искоментира изјавите на Жељко Комшиќ и Милорад Додик дека Турција е гарант на мирот во регионот, односно каква е нејзината идна улога во Босна и Херцеговина, Ердоган кажа дека Турција ќе посредува ако Бошњаците, Србите и Хрватите во БиХ се обединат и кажат „сакаме на Турција да ѝ дадеме таква задача, никој не смее да се меша во нашите работи, само Турција да дејствува како посредник во наше име“.

Истакна дека за тоа треба да одлучат членовите на Претседателството на БиХ.

„Веќе им кажав: Ако донесете таква одлука, ние исто така ќе направиме наши проценки. Донесете ја оваа одлука како тројка, не чекајќи упатства од некаде. Потоа им кажав „Ќе го направиме овој чекор со хаир (среќа)“, изјави Ердоган.

Додик за време на посетата на Ердоган на Сараево кажа дека се залага за поактивен ангажман на Турција во решавањето на политичките проблеми во БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ