сабота, 25 април 2026

Движењето на отпорот на Панџшир негира дека талибанците ја освоиле провинцијата

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа се гласини кои талибанците ги шират за да ги уплашат луѓето кои се обидуваат да се пробијат во Панџшир од повеќе страни, но се приморани да се повлечат“, кажал извор за руската агенција ТАСС.

Талибанците синоќа соопштија дека го презеле цел Авганистан, вклучувајќи ја и провинцијата Панџшир, која единствена пружа отпор на екстремистичката група.

Тоа синоќа го јави Рохтерс повикувајќи се на повеќе извори, наведувајќи дека во главниот град Кабул се слуша славеничко пукање.

„Со милоста на семоќниот Алах сега го контролираме цел Авганистан. Агитаторите се поразени, а жителите на Панџшир сега се под наша команда“, кажа неименуван талибански командант.

Ројтерс истакна дека е невозможно да ја потврди информацијата.

Во текот на денешниот ден, пак, Националниот фронт на отпорот (НРФА) соопшти дека талибанците доживеале тежок пораз во Панџшир.

Според изворот на ТАСС, талибанците се обиделе да се пробијат од запад и југ во четвртокот и денес рано наутро.

„Доживеаја неуспех од двете страни и мораа да се повлечат, откако претрпеа тешки загуби. Ситуацијата околу опколената провинција е стабилна“, тврди изворот на руската агенција и додава дека дел од талибанските милитанти се заробени.

Истиот извор ги негирал тврдењата на талибанците кои претходно кажаа дека освоиле неколку окрузи и четири гранични премини во Панџшир, а дека 31 припадник на силите на отпорот се убиени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ