Но бара да не се бира нов член на Претседателството на БиХ од редовите на српскиот народ.
Додик, на конференција за новинарите во Бања Лука, кажа дека тоа и претходно бил негов предлог, а ќе биде и понатаму. „Утре ќе биде одржана седница на Народното собрание на Република Српска на која ќе се манифестира националното единство“, порача Додик, истакнувајќи дека тој ден е многу важен за РС.
Го повтори ставот дека наметнатата одлука на високиот претставник Валентин Инцко не е во согласност со уставот и правото.
„Сега имаме хајка на Бошњаците кои спроведуваат хајка врз Србите што потсетува на лошиот период кога кадијата и тужеше и судење“, наведе Додик.
Тој додаде дека верува дека ниеден Србин во судските институции на БиХ нема да прифати да учествува во страшниот прогон и дека ќе се дистанцира од тоа.
„Тоа ќе го покаже целиот гној на БиХ врз која меѓународната заедница врши насилство“, кажа Додик.
[video:https://youtu.be/yXwxvq7UpxM autoplay:0]





