четврток, 7 мај 2026

Директорот на СЗО: Омикрон и делта создаваат цунами на случаи

Објавено на

часот

Сподели

„Многу сум загрижен дека омикрон, кој лесно се пренесува и се шири во исто време со делта, води до цунами на случаи“, рече тој, додавајќи дека се работи за двојна закана која води кон нагло зголемување на бројот на хоспитализации и смртни случаи.

Тедрос го повтори својот повик до земјите за поправедна распределба на дозите вакцина против коронавирус и предупреди дека акцентот на бустер дозите во побогатите земји може да доведе до недостиг на вакцини во посиромашните земји.

Тој рече дека СЗО е посветена да обезбеди секоја земја да достигне стапка на вакцинација од 70 проценти до средината на 2022 година, што ќе помогне да се стави крај на критичната фаза на пандемијата.

Новогодишната ноќ ќе биде втора годишнина откако Кина ја предупреди СЗО за 27 случаи на „вирусна пневмонија“ од непознато потекло во градот Вухан.

Оттогаш, повеќе од 280 милиони случаи на инфекција со коронавирус се пријавени ширум светот, а повеќе од 5 милиони починале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ