„Русија е највлијателниот сојузник во зачувувањето на нашиот територијален интегритет и суверенитет на Косово“, кажа Дачиќ на отворањето на конференцијата „Русија на Балканот – поглед во иднината“.
Тој кажа дека поддршката која ја даваат, пред сè Кина и Русија, ѝ дава простор на Србија да одговори на предизвиците на надворешната политика.
Според Дачиќ, ЕУ е еден од надворешнополитичките приоритети на Србија но тоа не предизвикува никаков спор во односите со Русија и не претставува пречка за меѓусебните односи.
„Односите на Србија и Русија се од стратегиска важност. Тие се на највисоката точка која ја памтат нашите генерации“, кажа тој.
Министерот за надворешни работи на Србија Александар Вулин изјави дека Србија нема да биде член на НАТО.
„Додека е Александар Вучиќ на чело на државата, не мора да имате дилема каков е нашиот однос кон НАТО сојузот“, кажа Вулин.
Тој истакна дека „не е случајно тоа што Србите и Русите секогаш биле на истата страна во историјата и што секогаш истиот непријател ги целел двата народи“.
„Сè она што ќе почне во Србија завршува во Русија“, истакна Вулин.
Тој кажа дека критичарите често му кажуваат зошто зборува за „српски свет и дека ќе се обединиме во ЕУ кога границите нема да бидат важни“.
Според него, Србите живееле во една држава за време на Отоманското царство, некои седумдесеттина години под управата на Австроунгарија, како и под Третиот рајх.
„Но нашата желба не е да живееме заедно во туѓа држава туку заедно во своја држава, која ние ја уредуваме. Не мислиме дека златната доба на Балканот било во времето кога си можел да станеш роб на султанот служејќи како везир откако ќе те потурчат и земат од мајката. За нас златната доба на Балканот е Србите да живеат во мир и самите да одлучуваат за себе“, наведе Вулин.
„Југославија е последната држава, последната грешка, која Србите ја направиле, а да не го оградиле својот простор и да не го нарекле по себе. Таа грешка повеќе нема да се повтори“, кажа Вулин.






