„Поради специфичната и веродостојна закана, сите американски граѓани во близина на аеродромот во Кабул треба да ја напуштат областа што е можно поскоро“, рече во саботата американската амбасада во Кабул.
Заканата се однесува на јужниот и северозападниот дел на аеродромот, како и областа во близина на бензинската пумпа во близина на аеродромот, додаде амбасадата.
Серија закани со бомби ја прекинаа операцијата за евакуација на Американците на аеродромот во Кабул во последните денови.
Американците беа принудени да соработуваат со талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан кон средината на август.
Американскиот претседател Џозеф Бајден во саботата предупреди дека е можен уште еден терористички напад на аеродромот во рок од 24 до 36 часа и дека ситуацијата во таа област е крајно опасна.
Во нападот на џихадистите од Исламска држава на аеродромот во Кабул во четвртокот загинаа повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи 13 американски војници.






