среда, 22 април 2026

Бутан за една недела ја вакцинираше речиси цела популација

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела биле дадени над 454.000 дози вакцини во ова оддалечно хималајско кралство, односно биле имунизирани повеќе од 85% од популацијата на возрасни кои можат да примат вакцина, т.е. повеќе од 530.000 луѓе, пренесува АФП.

Експресната вакцинација е комбинација од поплава од меѓународни донации и успешно лидерство. Донациите од САД преку Ковакс, заедно со Данска, Хрватска, Бугарија, Кина и неколку други земји, ќе помогнат оваа азиска земја да биде една од ретките јужноазиски земји што ќе успеат брзо да го вакцинираат населението и покрај прекинот на извозот на вакцини од Индија , во која се наоѓа најголемата фабрика за производство на вакцини во светот.

Претставник на УНИЦЕФ во Бутан Вил Паркс го поздрави амбициозно спроведениот план за вакцинација во земјата како „многу успешна приказна за Бутан“.

„Навистина ни е потребен свет во кој земјите што имаат вишок вакцини ќе донираат вакцини на оние земји кои сè уште не ги примиле“, изјави Паркс за АФП.

„И ако постои нешто на што се надевам дека светот може да го научи е дека земја како Бутан, со малку лекари, многу малку медицински сестри, но со вистински посветен крал и лидерство во мобилизирање на општеството, може да биде пример дека не е невозможно да се вакцинира целата земја“, додаде тој.

Малата земја експресно искористила повеќе од 550.000 дози на Астразенека, донирани од Индија кон крајот на март, и започна со вакцинирање на почетокот на април, пред Индија да го прекине извозот на вакцини поради големиот скок на бројот на случаи со корона во таа земја.

Соочен со сè поголем јаз помеѓу првата и втората доза, Бутан апелираше за донации.

Половина милион дози на вакцини Модерна, Бутан ги доби од САД преку механизмот Ковакс, а уште 250.000 Астразенека пристигнаа од Данска кон средината на јули.

Повеќе од 400.000 вакцини на Астразенека, Фајзер и Синофарм се очекува да пристигнат во Бутан, со 770.000 жители од Хрватска, Бугарија, Кина и неколку други земји.

Владата, во меѓувреме, купила 200.000 дози Фајзер, што треба да пристигнат подоцна оваа година.

Бутан, лоциран помеѓу Индија и Кина, позната како единствената земја во светот што има Министерство за среќа и во која растот на „националната среќа“ е поважен од растот на БДП, досега има пријавено само 2.500 случаи на ковид и два смртни случаи.

За разлика од случајот на експресна вакцинација во Бутан, другите јужноазиски земји сè уште се погодени од прекинот на извозот на вакцини од страна на Индија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ