сабота, 25 април 2026

Бугарија воведува нови ограничувања против ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Бугарија, која има најмалку вакцинирани граѓани против коронавирус во Европската унија, бележи пораст на заразените во последните недели, главно со високо заразната делта варијанта.

Само во четвртокот, земјата со 7 милиони луѓе регистрираше околу 1.745 нови случаи, со што бројот на активни зарази достигна 32.192.

Од почетокот на пандемијата починале околу 18.950 луѓе, а уште 54 смртни случаи се регистрирани во земјата со највисока стапка на смртност во Европската унија во четвртокот, според податоците на интернет публикацијата на оксфордскиот универзитет Нашиот свет во податоци (анг. Our World in Data).

„Нема место за паника. Ситуацијата е сериозна, но не излегува од контрола. Ниската стапка на вакцинација нè тера да ги воведеме овие мерки“, им рече привремениот министер за здравство Стојко Кацаров на новинарите.

Тој повторно апелираше Бугарите да се вакцинираат.

Според новите ограничувања, кои ќе стапат на сила до крајот на октомври, музичките фестивали ќе бидат забранети, а кината и театрите ќе треба да работат со капацитет од 50 проценти.

На учениците ќе им биде дозволено да посетуваат настава кога ќе започне учебната година на 15 септември, рече Кацаров, но предупреди дека ако бројот на заразени продолжи да се зголемува, можеби ќе мора да се префрлат на онлајн настава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ