„Гледајќи ги европските земји, забележуваме дека има зголемување на бројот на новозаразените со коронавирусот, но кога станува збор за Русија, многу сме среќни што гледаме стабилизација и благо намалување на бројот на нови случаи“, рече Мелита Вујновиќ.
Во исто време, извршната директорка на Асоцијацијата на тур-оператори на Русија (АТОР), Маја Ломидзе, изјави денеска за ТАС дека руските тур-оператори не гледаат директни знаци на закрепнување во туристичкиот сектор, но дека во Русија доаѓаат големи групи туристи од Европа и од Блискиот Исток.
„Велика Британија, Австрија, Германија, Израел и Франција се земјите од кои кај нас доаѓаат најголем број туристи, но во Русија доаѓаат и голем број туристи од Народна Република Кина“, рече Маја Ломидзе.






