среда, 22 април 2026

Безос сака да се врати во трката за Месечината, нуди две милијарди долари

Објавено на

часот

Сподели

НАСА во април му додели договор на Илон Маск и неговата компанија Спејсекс и ја отфрли понудата на Блу ориџин на Безос.

Договорот предвидува изградба на систем за слетување кој ќе ги однесе астронаутите на површината на Месечината најрано во 2024 година. Иако се очекувало двете компании да можат да учествуваат во проектот, НАСА поради недостаток на средства можела да го додели договорот само на една.

НАСА од 3,3 милијарди долари, што ги побарала од Конгресот, добила само 850 милиони долари за изградба на возило за слетување на Месечината.

Во писмо до администраторот на НАСА Бил Нелсон, Безос вели дека Блу ориџин ќе го надмине недостатокот на буџетското финансирање со откажување од плаќањата во тековната фискална година на владата и следните години се до 2 милијарди долари и ќе плати за орбитална мисија за проверка на својата технологија. Во замена, Блу ориџин би прифатил договор со фиксна цена и ќе ги покрие сите поголеми трошоци за развој на системот, рече Безос.

„НАСА се откажа од својата оригинална инвестициска стратегија од два извори поради согледаните буџетски проблеми, оваа понуда ја отстранува таа пречка“, напиша Безос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ