„Ситуацијата на теренот сѐ уште е многу опасна, а заканата од терористички напади на аеродромот во Кабул останува голема. Нашите команданти ме информираа дека е мошне веројатен напад во следните 24 до 36 часа“, рече Бајден.
„И покрај опасната ситуација во Кабул, продолжуваме со евакуација на цивили“, рече Бајден.
Тој додаде дека вчераутро се сретнал со тимот за национална безбедност во Вашингтон и одржал разговор со командантите на теренот.
„Разговаравме за нападот што американските сили го извршија против терористичката група ИСИС-Х во Авганистан. Реков дека ќе тргнеме по групата одговорна за терористичкиот напад врз нашите војници и невините цивили во Кабул и го направивме тоа“, додаде Бајден, алудирајќи на воздушниот напад во петокот, кога беа убиени двајца оперативци на групата ИСИС-Х.
Бајден рече дека нападот врз ИСИС-Х не е последен и дека САД „ќе го фатат секое лице вклучено во терористичкиот напад во четвртокот и ќе го натераат да плати“.
„Секогаш кога некој сака да им наштети на САД или на нашите војници, ние ќе одговориме. Нема потреба да се сомневате во тоа“, рече Бајден.






