сабота, 25 април 2026

Бајден: Ќе ги поддржиме талибанците да го исполнат ветеното

Објавено на

часот

Сподели

Бајден, само неколку часа откако американската војска го заврши повлекувањето од Кабул, кажа дека светот ќе ги поддржи талибанците во нивната определба да им овозможат на сите кои сакаат да го напуштат Авганистан, пренесува Ројтерс.

Талибанците од денес имаат целосна контрола над меѓународниот аеродром во Кабул, откако и последниот американски авион замина, а лидерите на талибанците утринава симболично прошетаа по пистата, обележувајќи ја својата победа.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека талибанците мора да заслужат меѓународен легитимитет и поддршка со тоа што ќе ги исполнат своите обврски за слобода на патувањето, борбата против тероризмот и почитувањето на основните права на авганистанскиот народ, вклучувајќи ги жените и малцинствата.

Шефот на американската дипломатија кажа и дека САД во односите со талибанците ќе се водат не според нивните изјави, туку од она што го прават за да ги исполнат своите обврски.

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои синоќа резолуција со која ги повикува талибанците да им овозможат безбеден премин на луѓето кои сакаат да го напуштат Авганистан и бара авганистанската територија да не се користи за закани на други држави, и да не биде засолниште на други терористички групи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ