сабота, 25 април 2026

Бајден ја оцени евакуацијата од Авганистан како „извонреден успех“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту една држава во историјата не постигнала ништо слично. За извонредниот успех на мисијата се заслужни неверојатниот талент, смелост и несебична храброст на американската војска, нашите дипломати и нашите разузнавачки експерти“, рече Бајден во свечениот говор во Белата куќа.

Според него, САД и натаму се решени да ги евакуираат Американците што останаа во Авганистан, чиј број се проценува помеѓу 100 и 200.

Бајден ја бранеше одлуката за напуштање на Авганистан, наведувајќи дека САД немаат друг избор освен „заминување или воена ескалација“.

„Имавме едноставен избор. Или да ја следиме обврската на претходната администрација и да го напуштиме Авганистан, или да кажеме дека не заминуваме и да испратиме десетици илјади војници назад во војната“, рече тој.

Бајден додаде дека немал намера да ја продолжи „вечната војна“, ниту да го продолжи „вечното повлекување“ од Авганистан.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=A1J1ETCQBkM autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ