вторник, 28 април 2026

Австралија се откажува од најстрога блокада? „Не можеме трајно да го сузбиеме вирусот“

Објавено на

часот

Сподели

Викторија, дом на една четвртина од 25 милиони жители на Австралија, регистрираше 507 нови случаи на инфекција, а нејзиниот премиер соопшти дека повеќенеделната блокада ќе трае се додека не се вакцинираат 70 проценти од лицата над 16-годишна возраст, без разлика дали има нови случаи или не.

Таа бројка, рече Даниел Ендрјус, може да се постигне до 26 октомври. Државата Викторија има 43 проценти целосно вакцинирани, а цела Австралија 46 проценти.

„Ја отвораме државата, но тоа ќе го правиме претпазливо. Нема алтернатива, не можеме трајно да го сузбиеме вирусот. Се затворивме за да купиме време и да вакцинираме 70 до 80 проценти од луѓето“, рече Ендрјус.

Остануваат многу ограничувања на сила, но луѓето ќе можат слободно да излезат од своите домови без посебна причина.

Ендрјус сака 80 проценти од населението да се вакцинира до најпознатиот коњички турнир – Мелбурн купот на 2 ноември.

Нов Јужен Велс во неделата регистрираше 1.083 нови случаи на инфекција, а блокадата и понатаму трае поради делта варијантата. Во таа држава, 52 проценти од населението е вакцинирано.

Сојузниот план е да се укине блокадата кога стапката на вакцинација ќе достигне 70 проценти, а со 80 проценти вакцинирани ќе се отворат меѓународните граници.

Целата земја досега има регистрирано само 84.000 случаи од појавата на пандемијата, а 1.162 луѓе починале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ