Противпожарните бригади и армијата што пристигнаа на помош не се во можност да го запрат пожарот што ги зафати северните предградија на Атина и кој стигна до магистралниот пат кон Ламија, каде што сообраќајот беше во прекин.
Ѕид од темен чад се крева над грчката престолнина, жителите бегаат од предградијата, азилантите се евакуираат, а властите предупредија дека следуваат нови пожари додека температурите се одржуваат на околу 40 Целзиусови степени, а се очекуваат силни ветрови.
Евакуирани се повеќе од десет населени места во регионот Варибоби, Агио Стефанос, Капандрити, Полидендри.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=6EhZinrhe08 autoplay:0]Горат куќи, не се знае колку од нив веќе се проголтани од пожарот, доаѓаат нови предупредувања до граѓаните да ги напуштат своите домови и во други населени места, бидејќи се приближува пожар. Ветрот дува посилно, огнот го менува правецот и доколку го премине националниот пат на неколку места, Атина е во голема опасност бидејќи од другата страна на патот се густо населените северни делови на градот.
Додека делови од соседна Турција исто така се во пламен, небото исполнето со чад ги засили апокалиптичните слики од поплавите и пожарите низ цела Европа ова лето.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=z3OTqWzNahk autoplay:0]





