вторник, 14 април 2026

Американската војска објави видео: „Уништивме уште еден брод за трговија со дрога“ (ВИДЕО)

Американските сили вчера извршија смртоносен напад врз брод за трговија со дрога во источниот Пацифик, при што се убиени две лица, соопшти Јужната команда на САД.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Операцијата ја спроведе Заедничката оперативна група „Јужно копје“ под команда на генералот Франсис Л. Донован.

Американски претставници изјавија дека разузнавачките служби потврдиле дека бродот оперирал по познати шверцерски рути и бил вклучен во активности за трговија со дрога во времето на нападот.

Операцијата се случува во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги засили воените активности во Карипското Море и источниот Пацифик од септември, наведувајќи ја борбата против трговијата со дрога.

Властите велат дека најмалку 163 лица се убиени од почетокот на операциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ