четврток, 23 април 2026

Америка одби да го послуша апелот на СЗО засега да не се дава трета доза

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е погрешна алтернатива“, рече Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа, коментирајќи го повикот на СЗО.

„Сметаме дека можеме да ги направиме и двете и дека не мора да избираме помеѓу вакцинирање на Американците, што сѐ уште не е официјално предвидено, и помагање на сиромашните земји“, рече таа.

Таа потсети дека САД веќе поделија повеќе од 100 милиони дози вакцина на посиромашните земји, што е повеќе од донациите од сите други земји во светот заедно.

Светската здравствена организација повика на мораториум за давање трета, таканаречена засилувачка доза на вакцината против ковид-19 до крајот на септември за да се овозможи вакцинирање на најмалку 10 проценти од населението на секоја земја, пренесува Ројтерс.

СЗО побара барем до крајот на септември да нема ревакцинација со трета доза, за да им се дадат на посиромашните земји повеќе вакцини.

„Разбирам дека сите влади сакаат да го заштитат својот народ од делта-сојот. Но не можеме да прифатиме дека земјите што веќе искористиле поголем дел од глобално достапните вакцини треба да користат уште повеќе“, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус.

Високоразвиените земји во мај дадоа околу 50 дози на 100 жители и тој број од тогаш се удвои, според податоците на СЗО.

Во исто време, во неразвиените земји, поради недостапноста на вакцините и недостигот од резерви, просечно се применува по една и пол доза на 100 жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ