Во најновиот извештај на Европскиот завод за статистика се наведува дека од вкупниот број барања за азил на деца 12 отсто од барањата се од Албанија. На првото место е Турција со 24 отсто, а потоа Русија со 23 отсто.
Сразмерно на бројот на жителите на наведените земји, Албанија е на првото место.
На четвртото место е Молдавија со 10 отсто, а следи Србија со 8 отсто.
Франција најчесто се наведува во барањата за децата од Албанија.
Според податоците на Еуростат, во 2020 година биле поднесени 2.125 барања од Албанија за земјите од ЕУ и Швајцарија, а 83 отсто од барањата се однесуваат на деца помлади од 14 години.
Во споредба со претходната година, барањата се три пати помали, поради пандемијата.






