сабота, 25 април 2026

Аеродромот во Кабул се отвора за прифаќање помош, извршени првите домашни летови

Објавено на

часот

Сподели

Пистите се поправени во соработка со авганистанските власти, кажа амбасадорот.

Ал џезира додава дека два домашни лета се спроведени од Кабул кон градовите Мазар и Шариф и Кандахар.

Кабулскиот аеродром е затворен откако заврши големата воздушна евакуација  на странските државјани и авганистанските граѓани кои работеле за нив.

Крајот на операцијата на воздушниот мост го означи и крајот на повлекувањето на последните американски војници од Авганистан по 20-годишната војна.

Евакуацијата на десетици илјади луѓе се случи откако авганистанските покраини и главниот град Кабул речиси без отпор паднаа во рацете на талибанците, исламистичките екстремисти против кои Западот предводен од Американците се бореше од 11 септември 2011 година.

Илјадници луѓе кои сакаа да избегаат од Авганистан, во страв од одмазда на талибанците и нивната власт, не успеаја да побегнат и останаа во земјата откако евакуацијата заврши на последниот ден од август.

Талибанците ветија слободен излез за сите кои сакаат да заминат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ