сабота, 25 април 2026

Аеродромот во Кабул по заминувањето на Американците го преземаа талибанците (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Аеродромот кој со денови служеше за евакуација на сојузниците од утринава е целосно во рацете на талибанците, 17 дена откако влегоа во Кабул. Ова значи дека главниот град на Авганистан е целосно во рацете на талибанците.

Талибанските лидери утринава прошетаа по пистата на аеродромот во Кабул и прогласија победа.

„Се надевам дека светот ја научи лекцијата и ова е моментот на победата во кој уживаме“, кажа во изјава за медиумите од пистата на аеродромот талибанскиот портпарол Забихула Муџахид..

Талибанците ја снимија празната писта со своите мобилни телефони, опкружени од припадниците на специјалните сили на исламистите. Портпаролот на талибанците кажа: „Оваа победа ни припаѓа на сите нас“.

Како што јавува Њујорк тајмс, талибанските власти тврдат дека повторно ќе го отворат аеродромот за неколку дена и луѓето со визи ќе може да заминат надвор.

„По 20 години ги победивме Американците“, кажа Мохамед Ислам, чувар на талибанците на аеродромот со каљашников во рацете. „Тие сега заминаа и нашата земја е слободна“.

„Јасно е што сакаме. Сакаме шеријат, мир и стабилност“.

САД вчера соопштија дека го завршиле повлекувањето на своите сили од Авганистан речиси 20 години по инвазијата во таа земја како одговор на нападите во Америка на 11 септември 2001 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ