петок, 1 мај 2026

Трамп најави нов удар врз ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата влада ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од Европската Унија на 25 проценти уште од следната недела, обвинувајќи го Брисел дека не го почитува претходно договорениот трговски договор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е нов потег кој би можел дополнително да ги заостри трговските односи меѓу Соединетите Американски Држави и ЕУ, особено во автомобилскиот сектор.

Го пренесуваме постот на Трамп во целост:

„Драго ми е што објавувам дека, поради фактот што Европската Унија не го почитува нашиот целосно договорен трговски договор, следната недела ќе ги зголемам царините кои ѝ ги наплаќаме на Европската Унија за автомобили и камиони кои влегуваат во Соединетите Американски Држави. Царината ќе се зголеми на 25 проценти.

Сосема е јасно и договорено дека, ако произведуваат автомобили и камиони во погоните во САД, нема да има никакви царини.

Во моментов се градат голем број фабрики за автомобили и камиони, со инвестиции што надминуваат 100 милијарди долари, што е рекорд во историјата на производството на автомобили и камиони.

Тие фабрики, каде што работат американски работници, наскоро ќе бидат отворени – никогаш не се случувало нешто како ова што денес се случува во Америка!

Ви благодарам за вниманието во врска со ова прашање“, порача Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ