среда, 13 мај 2026

Словачка ја затвори границата со Украина

Словачка денес околу 15 часот ги затвори сите гранични премини со Украина од безбедносни причини, објави Финансиската управа на Словачка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На граѓаните им беше препорачано да ги следат официјалните информации и упатствата на Финансиската администрација и полицијата, јавуваат локалните медиуми.

Одлуката доаѓа во време на зголемени безбедносни тензии по должината на границата.

Началникот на Регионалната воена управа на Закарпатскиот регион Мирослав Билецки изјави дека е во тек најмасовниот руски напад врз тој регион од почетокот на војната меѓу Украина и Русија.

Според него, експлозии се слушнале во неколку населени места, додека системите за надзор регистрирале движење на беспилотни летала.

„Сите информации ќе бидат објавени подоцна. Предупредувањето е сè уште на сила. Ги повикувам жителите да не ги напуштаат засолништата“, кажа Билецки.

Локалните власти велат дека детонации сè уште се слушаат во погодените подрачја и дека внимателно го следат развојот на ситуацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ