понеделник, 27 јули 2026

Сестрата на Ким Џонг Ун: Северна Кореја ќе ја унапредува нуклеарната моќ, тоа е најдобрата заштита

Северна Кореја ќе продолжи континуирано да ги унапредува своите нуклеарни сили, изјави Ким Јо Џонг, сестра на лидерот Ким Џонг Ун и висок функционер на Работничката партија на Кореја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашиот став е конзистентен и јасен: нуклеарните сили на одвраќање претставуваат сигурен штит на суверенитетот на државата и најдобра гаранција за нејзината заштита. Нуклеарните сили на нашата земја ќе бидат континуирано унапредувани, без ни најмало одложување“, изјави Ким Јо Џонг, според Корејската централна новинска агенција (КЦНА).

Таа изјави дека зајакнувањето на нуклеарниот арсенал е неопходно поради, како што оцени, кризата која во регионот ја создаваат „непријателските сили“.

Ким Јо Џонг, која е заменик-директор на Одделот на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја, се смета за најблиска соработничка на нејзиниот брат и една од највлијателните личности во севернокорејското раководство.

Нејзините изјави често го одразуваат официјалниот став на Пјонгјанг за безбедносните прашања, односите со САД и Јужна Кореја и развојот на ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ