Предупредувањето за опасност од дронови е издадено поради дронови во соседна Белорусија што биле регистрирани како летаат кон Литванија, соопшти центарот, додавајќи дека не е познато од каде биле лансирани тие дронови, пренесува Ројтерс.
Борбен авион на НАТО вчера над Естонија собори дрон за кој се претпоставува дека бил украински.
Поради руско-украинската војна, досега се пријавени низа нарушувања на воздушниот простор на земјите во регионот.






