четврток, 14 мај 2026

Полска пресретна руски шпионски авион над Балтикот

Полска пресретна руски извидувачки авион Иљушин Ил-20 над меѓународните води на Балтичко Море, соопшти полскиот министер за одбрана Владислав Косинјак-Камиш.

Фото: ЕПА (архива)

Објавено на

часот

Сподели

Министерот на социјалните мрежи го опиша инцидентот како „агресивна акција“ на Москва за тестирање на полските системи за противвоздушна одбрана.

„Секоја провокација ќе добие моментален одговор од нашите пилоти“, напиша Косинјак-Камиш на Икс.

Според него, рускиот авион летал со исклучен транспондер, односно не ја емитувал својата идентификација и податоци за позицијата.

Полска во средата ги активираше своите воени сили, вклучително и подигнување борбени авиони, поради големиот руски напад врз соседна Украина, особено врз западниот дел од земјата, близу граничната зона на членките на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ