четврток, 7 мај 2026

Научниците предупредуваат дека на Арктикот има сè повеќе ѓубре

Објавено на

часот

Сподели

Арктикот се загрева двојно побрзо од остатокот од светот па топењето на мразот кој долго го прекриваше тој регион отвора нови морски патишта. Истражувачите минатата година забележале дека ѓубрето ги затрупува бреговите на Беринговиот премин кај Алјаска.

„Тоа е директна последица на зголемените поморски активности“, вели климатологот Рик Томан од Центарот за клима на Алјаска, еден од главните уредници на извештајот за Арктикот кој секоја година го објавува државната агенција НОАА.

Отпадот покажува што климатските промени им овозможуваат да прават во регионот, вели Томан. Најчестиот јазик на фрлените производи најдени во Беринговиот премин е рускиот, тврди НОАА.

Меѓу 2016 и 2019 бројот на рибарски, товарни и воени бродови кои минуваат низ регионот пораснал за 58 отсто, а експертите тврдат дека сообраќајот уште ќе расте паралелно со глобалното загревање.

Со поморскиот сообраќај доаѓа и бучавата. Подводните звучни слики на Арктикот станале побучни, што е проблем за морските цицачи кои го користат звукот за навигација и социјализација, предупредува Томан.

Годишниот извештај, објавен на конференцијата на Американската геофизичка унија, зборува и за најниското ниво мраз оваа пролет, што е уште еден знак дека климатските промени брзо го менуваат Арктикот.

Светската метеоролошка организација (СМО) потврди дека минатата година во сибирскиот град Верхојанск е забележан арктички температурен рекорд од 38 Целзиусови степени.

„Жителите на Арктикот веќе чувствуваат големи промени“, кажа коавторката на извештајот Ана Лиједал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ