четврток, 7 мај 2026

Чип како ковид-потврда: Швеѓаните испробуваат необична варијанта (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шведската влада претходно месецов соопшти дека граѓаните мора да покажат ковид-потврда кога присуствуваат на кој било настан со повеќе од 100 луѓе. Повеќето ги имаат потврдите на своите мобилни телефони.

Меѓутоа, шведската стартап компанија Епицентер предлага вградување микрочип во дланката или раката кој ќе служи како пасош за вакцина против ковид.

Епицентер е специјализиран за поткожни микрочипови кои се имплантираат непосредно под кожата на дланката или раката. Имплантот може да се прочита со помош на уред кој користи комуникација на блиско поле.

Истражувачот Моа Петерсен вели дека веќе околу 6.000 Швеѓани имаат вграден микрочип со големина на зрно ориз. Меѓутоа, не ги користат сите овие 6.000 луѓе своите импланти за ковид-пасошот. Многумина од нив го користат за други цели, како автобуски билет, канцелариски легитимации или членство во спортска сала.

Епицентер со години вградува микрочипови во луѓето. Шведската компанија стигна на насловните страници во 2017 година кога почна да им вградува микрочипови на своите вработени. Епицентер им понуди на вработените да им вгради повеќенаменски микрочипови, како на пример за отворање врати, работа со печатачи или дури купување пијалаци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ